Амазон претстави нова икона за апликацијата, корисниците се потсмеваат и критикуваат
02.02.2021
Амазон го објави новиот дизајн на иконата за нивната апликација и предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи бидејќи многу луѓе не се воодушевени од новиот изглед на иконата.
Корисниците на Твитер предлагаат Амазон да го преиспита нивниот дизајн, бидејќи според некои изгледа како Адолф Хитлер.
Новата икона го содржи логото на компанијата – насмевка, како и сина лента на врвот, што претставува кутија за испорака.
Сепак, токму оваа сина лента многумина ја поврзуваат со препознатливите мустаќи на Хитлер.
„Новото лого на апликацијата Амазон е Хитлер со сини мустаќи“, „Амазон треба да го преиспита ова лого“, „Сериозно, кој ја одобри насмеаната уста и мустаќите на Хитлер како ново лого на Амазон“, „Каде сме го виделе ова лого на Амазон порано “, се некои од реакциите на Твитер.
Сепак, не секој го гледа проблемот во новото лого.
“Не гледам ништо лошо во ова. Тоа е запечатена кутија со логото на Амазон”, “Неверојатен дизајн, можеби Google може да научи нешто за дизајн на икона”, напишале тие.
На старата икона на Амазон имаше сина корпа, а над него се наоѓаше логото на компанијата.
Мите Јаначков