Зрак светлина: Канадската пошта знае како !

Објавено на 17 март, 2021 во 09:18

canada post

17.03.2021

Канадската пошта во обид да се избори против мрачната реалност при епидемијата на коронавирусот, одлучи да внесе малку радост во земјата, така што од сега низ улиците ќе кружат поштенски комбиња со весели бои.

Во 28 градови на Канада 37 шарени возила секојдневно ќе ги пренесуваат писмата, пакетите, со цел барем за момент да се измами насмевка кај граѓаните кои ќе излезат да ја преземат поштата, пренесуваат канадските медиуми.

Секое комбе е украсено со големо сонце и слика на која има претставено комбе во боите на канадската пошта (сина, бела, црвена) кое вози и создава виножито, придружено со натпис со големи букви „Благодарам“.

Дизајнерот Ендру Луис изјави за Франс прес дека размислувал што би било забавно наведувајќи дека луѓето се „тажни, вознемирени и збудалени од изолацијата“ поради пандемијата на коронавирусот, а сака тоа да го промени, барем во само еден миг.

Луис успеал да ја убеди државната канадска пошта на овој чин, а самите поштари на социјалните мрежи веќе започнаа да поставуваат фотографии од веселите поштенски комбиња.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.