Диор ја претстави прекрасната пролетна мејк ап колекција
Објавено на 11 декември, 2013 во 08:11
Иако во продавниците владее желбата за празнични колекции Диор ја претстави својата колекција за пролет 2014 година.
Новата колекција на славниот бренд е изразено нежна и сликовита. Диор за пролет предлага пастелни тонови а главен мотив кој ја краси амбалажата и самите производи е машничка.
Најистакнат прозивод на колекцијата е луксузна палета во обилк на машна во коај се наоѓаат четири сенки и розово руемнило. Покрај сенките во пастелни тонови тука се и руменилата во црвена и протоклаова боја,кармини,сјаеви и лакови за нокти во нежни и женствени тонови.
Диор се погрижи и за беспрекорен тен па така како замена за тешките пудери понуди емулзија за намалување на порите и емулзија за беспрекорен сјај на лице.