Амазон започнува со производство на телевизори

Објавено на 7 септември, 2021 во 17:22

Гигантот за е-трговија планира да лансира сопствени телевизори во САД веќе во октомври, за време на празничната сезона за пазарење. Проектот беше развиен од тимови од Amazon Devices и Lab126 речиси пред две години.

Новите модели на ТВ се движат од 55 до 75 инчи

Моделите што ќе бидат лансирани во октомври беа дизајнирани и произведени од TCL. Телевизорите ќе се поврзани со Алекса, што е и очекувано, со оглед на тоа што овој хардвер е создаден од Амазон. Сепак, не е објавено дали компанијата ќе го лансира и својот софтвер Fire TV.

Амазон веќе продава телевизори со Fire TV, но тие сепак ги носат брендови на други производители. Новата генерација телевизори ќе го имаат брендот Амазон, дури и ако се произведени од други компании. Моделите планирани за американското тржиште, наводно, ќе бидат во димензии од 55 до 75 инчи, а нивната цена сеуште не е позната.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.