Чиста елеганција: Класичен шешир како додаток на стилот
Објавено на 10 декември, 2021 во 14:55
Обликот на шеширот Федора е симбол на ретро стилови, а на улица и денес се појавува како прекрасен детал. Дамите го носат на темни комбинации и капути.
Иако во светот на модата владеат разни шапки и плетени варијанти, типот на класичен шешир сепак е во фокусот на една стилска комбинација.
Црниот аутфит ни носи класичен моден додаток кој ќе го комплетира стајлингот.
Покрај црните, популарни се и кафените варијанти, инспирирани од бојата на коњакот.
За разлика од црната облека, кул девојките избираат капи во тонови од ванила.
Романтичарите носат пастели и ретро модни детали.
Моден додаток од овој тип одлично оди со војнички капути од подебела волна.
За врвна хармонија, комбинирајте ја бојата на чизмите со бојата на шеширите.