Дали е подобро бескофеинското кафе?

Нема конкретни докази дека бескофеинското кафе е поштетно од обичното, дури може да се каже дека има позитивно влијание на здравјето. Прва предност е што содржи некои важни микроелементи, како магнезиум, калиум и витамин Б3.
Тоа го намалува ризикот од дијабет тип 2, дисфункција на црниот дроб, проблеми со централниот нервен систем, како и со кардиоваскуларниот систем.
Бескофеинското кафе, како што му кажува самото име, не содржи кофеин кој е одговорен за предизвикување на нервоза, аритмија, бесоница. Затоа добро е да ги ограничите количините на обично кафе и да почнете да пиете бескофеинско.
Ова кафе е богато со антиоксиданси, со што го намалува ризикот од сериозни заболувања. Бескофеинското кафе е добро за луѓето кои уживаат во мирисот и вкусот на кафе, но не можат да го пијат обичното од здравствени причини.
