Дневен хороскоп за 28. јули
Овен
Вие сè уште не се жалите на дадените услови за работа и не сакате да водите дебата за ирелевантни работи, коишто упорно ви се случуваат. Обидете се на тоа да гледате од поведрата страна. Ќе посакате нешто повеќе од партнерот, кој буквално ве обожава. Имате можност заедно да отпатувате на незаборавен одмор.
Бик
Во личните односи ќе внесувате се повеќе нежност и внимание. Тоа ќе биде чекор напред во подобрувањето на вашата врска. Игнорирајте ги провокаторите , кои ви доаѓаат на врата , за да ви направат нервоза. Имате добра иднина и затоа продолжете.
Близнаци
На емотивно поле ќе бидете расположени за излегување или за некоја возбудлива забава. Деталите што ги премолчувате имаат поголемо значење. На професионално поле, според вас, нечија приказна изгледа неубедлива и претерана, па затоа се потпирате на лична процена и способности.
Рак
Чувствувате поголем губиток. Тоа можат да бидат и вашите лични инвестиции што ќе ги примените со голем стил во наредниот период кога станува збор за вашите лични напори. Не мора да му попуштате на партнерот и да се чувствувате беспомошно кога се во прашање одредени ситуации во кои вие подобро можете да се снајдете.
Лав
На професионално поле, чувствувате дека ова ќе биде еден тежок ден, но и дека денешните проблеми во некоја рака се одлични за надминување на внатрешната лична борба за малку подобар работен амбиент. На емотивно поле, не очајувајте ако една личност упорно ве одбива, бидејќи за сè постои солидна причина.
Девица
Подготвени сте да ризикувате на деловно поле и да се посветите на барањето нови начини. Барате партнер кој би можел да ви одговара во однос на динамиката и темпераментот, но тешко го наоѓате. Избегнувајте алкохол. Имате некои дилеми во врска со вашиот партнер што треба отворено да ги решите.
Вага
Ве очекуваат промени во областа на работата. Важно е да бидете подготвени да се прилагодите на околностите. На провокациите на работа треба да одговорите, а не да го собирате гневот во себе. Помошта на пријателите и некои колеги ќе ја зацврсти вашата положба на работа. Потребен ви е повеќе сон, а помалку стрес.
Скорпија
Вие сте вистински експерт во кризни ситуации. Преку глава ви е од стресот и тензиите кои владеат во деловното опкружување и незадоволни сте поради тоа. Треба да имате поголема толеранција кон колегите. Покажете ѝ ги отворено на саканата личност своите намери и таа ќе ви покаже дека е среќна што ве има покрај себе.
Стрелец
Вие сте максимално посветени на вашата работа и сакате да постигнете најдобри можни резултати за да бидете навистина задоволни. Одлучивте да преземете иницијатива кон започнувањето на врска со личноста со која подолго време флертувате. Не плашете се да ги реализирате посакуваните промени.
Јарец
Немојте да очекувате премногу помош околу вашите деловни проблеми. Ќе ви биде потребно многу трпение за да ги решите проблемите на работа. Некои работи ќе мора самите да ги решите. На емотивно поле, ве очекува средба со личност која и порано ви ги покажувала емоциите. Можни се проблеми со бубрезите.
Водолија
Финансиската ситуација е променлива кај вас, а во иднина имате големи шанси за добри промени. Потрудете се да се држите до секојдневните работни задачи, за да можете сѐ навремено да решите. На емотивно поле, партнерот ви е верен и среќни сте кога сте заедно. Можно е да размислувате за брак и заедница.
Риби
Успеавте да ги решите проблемите и се чувствувате растоварено. Ве очекува поволен ден на полето на работа. Имате потреба на саканата личност да ѝ ги покажете своите чувства. Атмосферата меѓу вас не е баш романтична. Малку сте разочарани од тоа како сега изгледа односот помеѓу вас и саканата личност.