Дневен хороскоп за 31. јули
Овен
Малите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно за јавност, и тоа во исто време. Начинот на кој зборувате им создава пречка на луѓето да ви пристапат. Вие оддавате впечаток дека другите луѓе ве заморуваат, но всушност, вашата импулсивност е виновна за тоа.
Бик
Треба да бидете умерени кога работите не одат по ваша желба во врската затоа што дрскоста ќе ви донесе само дополнителни нервози. Вашата врска не функционира баш најдобро, а денес ќе мора да изреагирате на една работа, што ќе ви одземе дел од времето што сте планирале да го минете со саканата личност.
Близнаци
Сериозните одлуки на работното место оставете ги за друг ден. Не се залетувајте по најголемите залаци. Ако одамна посакувате да промените нешто кај себе, ова е одличен ден за да преземете конкретни чекори. Не ви е лесно да ги признаете чувствата, имате впечаток дека партнерот не ве гледа со истите очи.
Рак
Веселба, забавување, опуштеност и среќа – сето тоа интензивно може да го почувствувате денес. Повеќето ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт, а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина. Ќе почувствувате родителска љубов, било да ја давате или да ја примате.
Лав
Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозни. На професионално поле денес очекувајте потврда околу некоја нова работа која сте ја планирале. Пред вас е позитивен ден. Во љубовта ве очекува почеток на нова комуникација со личност што досега не сте ја забележувале.
Девица
Се снаоѓате одлично на новата работа и во комуникацијата со надредените остварувате позитивна атмосфера. Сѐ уште нема назнаки за големи промени кај вас. Денес, избегнувајте конфликти со саканата личност. Ќе реагирате импулсивно и ќе бидете склони кон чести расправии со саканата личност.
Вага
Учите како да верувате во себе. Физички сте изморени и потребен ви е свеж воздух. Испланирајте некое патување. Ќе остварите нови пријатни контакти на работното место, но не притискајте премногу. Ќе имате незаборавна средба со личност од спротивниот пол која комплетно ќе го зароби вашето срце.
Скорпија
Малку ви е здодевно и чувствувате дека се задушувате во темпото на вашето секојдневие. Дозволивте да западнете во шаблон. Помислете на работите кои некогаш ви беа вистинска страст и посветете се на најмалку една од нив. Промената ќе ве воодушеви. Навидум необична средба ќе се претвори во нешто
повеќе.
Стрелец
Екстремно успешен период, на сите полиња и околности. Постигнете ја својата цел храбро, но истовремено бидете претпазливи да не навредите некој од блиските пријатели. Колку повеќе ќе се трудите, толку повеќе ќе постигнете. Премногу се исцрпивте минатиот период, но ќе ги собирате плодовите од тој напор.
Јарец
Обидете се да се одморите малку. Излезете со пријателите, но не лудувајте, туку поминете убава вечер во некој ресторан. Погрижете се за вашите основни потреби за да се освежите. Сѐ на крајот ќе си дојде на своето место. Ви годи флертот и на љубовен план ќе се чувствувате прилично добро.
Водолија
Бидете конкретни ако барате да ве поддржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротивното од она што вие сте го замислите. Чекорите напред, подготвени сте да успеете во сѐ што сте наумиле.
Риби
Пред вас е ден во кој, пред сѐ, ќе се занимавате со организација на нови работи. Можете да очекувате дека ќе бидете многу зафатени, но и многу продуктивни. На љубовен план можно е да сонувате околу средба со личност која ви се допаѓа. Што се однесува до финансиите, нема да имате проблеми, дури и ќе успеете да
заштедите.