Нумеролошка анализа за секое име!
Секое име се одликува со одредени карактеристики, секоја буква е поврзана со одреден број …
А,И,Ј = 1
Б,К,Р = 2
Ц,Г,Л,С,Ќ,Ч,Ш,Љ = 3
Д,М,Т,Ѓ.Џ = 4
Е,Х,Н,Њ,Ѕ = 5
У,В = 6
О,З,Ж = 7
Ф,П = 8
Напишете го вашето име и според табелата под секоја буква напишете го соодветниот број, потоа сите бројки соберете ги се додека не добиете број од 1 до 9.
ПРИМЕР:
Ана Иванова
1+5+1+1+6+1+5+7+6+1=34 (3+4=7)
Значењето на броевите е следно …
1. Личноста која го добила овој број е тешка, понекогаш дури и себична, секогаш започнува од себе. Има висока интелегенција, преодредена е на среќа. Жива е, но понекогаш поради чуствата изгледа расеано.
2. Овој број носи среќа и задоволство, станува збор за многу дарежлива и страсна личност. Тука спаѓаат личности кои се многу чуствителни, сентиментални и многу романтични.
3. Ова е возвишен број и личноста која го поседува е преодредена за големи нешта. Ова е се многу интелегентни личности, душевни и често имаат трето сетило. Они некои работи ги знаат однапред, претчуствуваат и често служат за пренесување на некоја порака во човештвото. Како по правило нив ги очекува голема судбина.
4. Овој број претставува солидарност, обврска, целосна посветеност на личноста која го носи. Таквите личности се професионалци, интелектуалци. Нивната предност е слободоумност, без табуа се. Ова се комплексни личности, прекрасни пријатели, партнери, деца и родители. Може слободно да се потпрете на нив.
5. Социјална личност, вистински светски патници. Ја обожаваат слободата, дружењето. Нив најмногу им одговара живот во голем град, работа во која ќе комуницираат со многу луѓе. Освен по леснотијата на комуникацијата, карактеристични се по тоа што се живи, весели и знаат да уживаат во животот.
6. Овој број е поврзан со работа. Овие личност кои се способни, примерни, организирани и често интелегентни. Одговорни родители се и многу им одговараат професорски занимања.
7. Овој број често се поврзува со музите и нивната уметничка инспирација. Припадниците на овој број се уметнички души. Најчесто се занимаваат со сликарство, музика или нешто слично, битно е што се уметници. Дефинитивно помеѓу нив се кријат најголемите уметници. Овие луѓе исто се препознатливо по многу добриот физички изглед.
8. Ова е кармички број, луѓето од овој број често живеат поинаку, речиси втор живот. Смирени, често повлечени, својот приватен живот го држат понастрана од другите. Често со обвиткани со многу тајни.
9. На овие луѓе им треба многу простор, сакаат авантури, ризик. Они живеат во животот. Често се револуционерни, уникатни и често дигаат глас за реформи, за нов начин на живот и секогаш сакаат промени, нешто друго и нешто ново.