Дали брзо ве фаќа шопинг треска?
Сите од време навреме не фаќа „шопинг треска“ на која во зависност од хороскопскиот знак потешко или полесно и се спротивставуваме. Близнаците сакат да шетаат по шопинг молови и да купуваат обувки, Вагите купуваат импусливно, Јарците даваат лесно пари за техника, лаптоп, телефон..
Огнени знаци (Овен,Лав и Стрелец)
Вие сте со авантуристички дух, сакате опасност и најчесто купувате импулсивно. Кога во излог ќе видите феноменални сандали или фустан во кои се вљубивте на прв поглед, веднаш се фаќате за картичката. Сепак би било подобро да бидете малку повнимателни со парите бидејќи на тој начин и ќе ги сочувате за нешто поважно. Ако сте дама Овен, нема да жалите пари за долна облека со темно црвена боја со која ќе го изненадите партнерот. Ако сте Лавица, после шопингот, сакате со пријателките на кафе муабет да ги соберете впечатоците од шопингот, ако пак сте дама Стрелец, галантни сте кога плаќате сметка во некој ресторан со одлично јадење.
Земјени знаци(Бик,Девица и Јарец)
Вие од мали нозе почнувате да штедите. Поседувате вроден талент за финансиски трансакции. Кога нешто купувате одбирате од проверена марка иако од време навреме можете да свртите од тој пат. Ако сте дама Бик, не сакате парите да ги потрошите со друштво во кафеана или на омилено парче накит. Ако сте дама Девица, го цените квалитетот и не ви е тешко да ги поминете продавниците за да го најдете тоа што го сакате. Ако сте дама Јарец, умеете истовремено да бидете штедливи и дарежливи а парите со мерка ги давате за техника, лаптоп, телефон и сл.
Водени знаци (Рак,Скорпија и Риби)
Многу сте вешти во ракување со пари и поседувате талент да го препознаете тоа што ќе биде во тренд. Пред да инвестирате во нешто, секогаш добро се распрашувате за се. Кога ќе го видете тоа што ви одговара ќе го послушате својот инстинкт. Ако сте дама Рак, ќе ве привлекува накит од бело злато или сребро, фустани со длабоко деколте и детали за домот. Ако сте дама Скорпија, пребирливи сте и не купувате што било а парите ги давате на квалитетни парчиња облека ,особено долна облека, обувки на пример чизми од крокодилска кожа. Ако сте дама Риба, во главно го купувате тоа што ќе ви се допадне особено удобни обувки, најнов модел на лаптоп или предмети за средување на домот.
Воздушни знаци (Близнаци,Вага и Водолија)
Не сте премногу окупирани со материјалната сигурност а парите ги трошите оној момент кога ќе посакате. Малку сте неодговорни особено ако имате кредитна картичка или плаќате со чекови. Ако сте дама Близнаци, сакате да ги обиколувате шопинг моловите и купувате обувки, особено спортски ,мобилни телефони и сл. Ако сте дама Вага, наклонети сте кон импулсивно купување, особено на модни детали,парфеми и препарати за коса. Ако сте дама Водолија, освен патувања, ве привлекува гардероба од познати фирми и техника, најнов модел на мобилен телефон, лаптоп и слично.
