Овните водете ги на концерт а Водолиите на спортски натпревар…
Искористете ја оваа астро помош и уживајте во фантастичното време заедно!
Овен
Изненадете го со карти за фантастично луд концерт на отворено и извлечете ја целата напнатост од себе.Тој ќе сака да ве импресионира со интересните движења во играта.
Бик
Организирајте пикник со сирење и вино и побегнете на оддалечено место во природа.
Близнаци
Весела журка каде што може да ве престави на своето големо друштво ќе го одушеви. Освојте го така што ќе умеете да го сослушате. Тој е трпелив со вас и затоа возвратете му со иста мерка.
Рак
Тој копнее по весници во спалната соба. Освојте го неговото тело на нов предизвикувачки начин а тој со задоволство ќе ви врати со иста мерка.
Лав
Опкружен е со колеги кои го окупираат неговото време. Бидете сталожени и почитувајте ја неговата работа.
Девица
Тој многу размислува за својата кариера. Пронајдете интересни статии на интернет кои ќе го инспирираат и охрабрат.
Вага
Прекинете ја рутината во своите излегувања. Најдете се во некој нов бар наместо да доаѓате заедно на омиленото место и изненадете го со поинаков стил на облекување.
Скорпија
Тој се чувствува надмено. Придружете му се на проекцијата на некој документарен филм или заедно посетете изложба за која зборува цел месец. Тој сака да ги подели своите интереси со вас.
Стрелец
Убавите денови го прават енергичен. Сега е моментот да му најавите за кои фантазии копнеете во последно време. Не бидете срамежливи!
Јарец
Тој напорно работи на проект од работа. Предложете му заедно да одете на пешачење тоа ќе му помогне да се опушти.
Водолија
Спортот му е на памет овој месец па затоа бидете опуштена девојка која може во недела да ужива со неговите другари на фудбал. Откријте кои му се омилени играчи. Играта почнува!
Риби
Тој сака да си легне и да се залепи до вас на креветот. Планирајте вечер со лесни филмови.
