Дневен хороскоп за 10. февруари

Објавено на 10 февруари, 2021 во 09:19

horoskop1 12162

10.02.2021

Овен

Љубов:
Повремено го губите трпението, нема причина да се однесувате строго и со многу побарувања кон саканата личност.
Работа:
Важно е да ја изберете вистинската улога што одговара на вашиот интерес и работа што носи материјални придобивки.
Здравје:
Слободно прифатете нови предизвици, подобрете го расположението. 

Бик

Љубов:
Емоционалниот притисок или дополнителните барања од вашиот партнер предизвикуваат голема непријатност.
Работа:
Ако се грижите за постигнување на своите намери, треба да се прилагодите на утврдените деловни стандарди.
Здравје:
Ќе ви годат неколку часови здрав сон, обрнете внимание на вашите соништа.

Близнаци

Љубов:
Ако добиете „лош сигнал“, важно е да тргнете настрана и да почекате подобра можност. Избегнувајте емоционални предизвици.
Работа:
Упорно се обидувате да им го наметнете влијанието на соработниците, но бидете повнимателни кога ги проценувате деловните можности.
Здравје:
Важно е да се ослободите од непотребните грижи, опуштете се.

Рак

Љубов:
Немате емотивен стимул, но не сакате да се помирите со пасивна улога. Слободно повлечете ненадеен потег.
Работа:
Вие сте во одлична форма, обидете се да оставите добар впечаток на вашата околина. Не ја пропуштајте можноста што ветува деловни профити.
Здравје:
Обидете се правилно да ја насочите вашата креативна енергија.

Лав

Љубов:
Нема причина да се претерува во барањата пред саканото лице. Покажете дека имате широко срце и добра волја. Понекогаш насмевката кажува сè.
Работа:
Трпеливо чекајте го вистинскиот момент за акција. Важно е правилно да ги процените вашите желби во однос на реалните можности.
Здравје:
Важно е да се задржи вниманието и самоконтролата. 

Девица

Љубов:
Ако ви пречи нечие присуство или однесување, важно е да воспоставите добра контрола врз вашите емоции.
Работа:
За да одржите психолошки мир, избегнувајте сомнителни ситуации. Нема потреба да ризикувате на кој било начин.
Здравје:
Посветете ги вечерните часови на вашите духовни потреби, опуштете се.

Вага

Љубов:
Подобро е да ја прифатите идејата на вашиот партнер отколку да предизвикате нова љубоморна сцена.
Работа:
Не се злажувајте дека сè што слушате е вистина. Некој може да ве изненади на грд начин и без образложение за своите постапки.
Здравје:
Прекумерната вознемиреност лошо влијае на вашата концентрација.

Скорпија

Љубов:
Партнерот изгледа сомничаво и ова се одразува на вашето нерасположение. Не сакате да се судирате за ситници што непотребно ве разделуваат.
Работа:
Ве очекуваат различни обврски, треба да бидете добро организирани на состанокот со соработниците. Навреме побарајте нечија поддршка.
Здравје:
Избегнувајте напорни ситуации кои психолошки ве вознемируваат.

Стрелец

Љубов:
Избегнувајте личност која премногу ве оптеретува со своите барања, ви пречи нечие емоционално расположение и природа.
Работа:
Умереноста во деловниот дијалог е најдобро решение, затоа прашајте некого за совет или поддршка.
Здравје:
Важно е да се одржи психолошката рамнотежа и трезвеноста.

Јарец

Љубов:
Со нетрпение очекувате добра причина да излезете надвор, имате неколку комбинации на ум. Чувствувате зголемена страст и емотивен импулс.
Работа:
Избегнете претерана доза на деловна изложеност, нема потреба да ја докажувате својата супериорност во ситуации што изгледаат поучно.
Здравје:
Не дозволувајте никој да ве поттикнува на деструктивно однесување.

Водолија

Љубов:
Не дозволувајте блиска личност да се чувствува запоставена, изразете ја позитивната страна на вашата личност. Користете ги вашите скриени адути.
Работа:
Позицијата на Месечината има предизвикувачки ефект врз вашата ментална состојба. Без оглед на деловните несогласувања, не ве интересираат различни коментари.
Здравје:
Ќе ви годи одмор и психофизичка релаксација.

Риби

Љубов:
Претерувате со вашите барања пред саканата личност, треба да знаете како да уживате во „ситниците“.
Работа:
Важно е да ги почитувате моралните принципи, наместо да се докажувате пред соработници кои применуваат различни критериуми во бизнисот.
Здравје:
Во вечерните часови ќе ви годи релаксација.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.