Дневен хороскоп за 5. март
05.03.2021
Овен
Љубов:
Работите не се толку едноставни како што би сакале да ги претставите пред блиска личност. Бидејќи сонот за среќа не е исто што и среќата.
Работа:
Вашиот ентузијазам наидува на одредено негодување во друштво на соработниците, а ве следи и недоразбирање со влијателна личност. Нема потреба да ризикувате околу деловно-финансиските преговори или во ситуации кога има некаква забрана.
Здравје:
Потребни ви се различни „мерки на претпазливост“, избегнувајте нови возбудувања и стресни ситуации.
Бик
Љубов:
Треба да му објасните на вашиот партнер што влијае на вашата ненадејна загриженост или резигнираност. Не ги потиснувајте вашите чувства.
Работа:
Не дозволувајте некој друг да зборува во ваше име, проценете во кој момент треба да преземете контрола врз важни настани.
Здравје:
Обидете се да акумулирате позитивна енергија, опуштете се.
Близнаци
Љубов:
Се соочувате со проблем на емоционално недоразбирање. Партнерот упорно ги брани своите ставови и заборава на заедничките приоритети.
Работа:
Оставете ги другите да бидат оптоварени со работи што не носат материјални придобивки, позитивни ефекти или перспективно рекламирање.
Здравје:
Избегнувајте стресни ситуации што ве вознемируваат.
Рак
Љубов:
Не можете да занемарите нечие присуство или јасна порака, затоа обрнете внимание на полето на интерес и движење на вашиот партнер.
Работа:
Прерано е да се очекуваат конкретни промени во вашето опкружување или да се направат големи инвестиции. Почекајте подобри услови.
Здравје:
Ќе ви годи во витаминска исхрана, избегнувајте „лоши навики“.
Лав
Љубов:
Ве придружува емоционален немир, а вашата сакана личност постојано ви задава дополнителни дилеми или нови „загатки“.
Работа:
Обрнете внимание на нечија порака или предупредување. Не дозволувајте желбата за доминација да преовладува во вас.
Здравје:
Треба да се ослободите од дополнителни притисоци, опуштете се.
Девица
Љубов:
Во однос на саканата личност, еден збор или постапка е доволно да ве приближат до некои заеднички цели.
Работа:
Ако сте доволно способни, ќе имате вредна придобивка и морално задоволство. Не пропуштајте добра можност.
Здравје:
Вие сте во одлична психофизичка форма.
Вага
Љубов:
Ако се грижите за влијание врз вашиот партнер, користете мала и „корисна лукавост“. Во емотивна врска, многу нешта се дозволени.
Работа:
Имате доволно храброст да го кажете она што го мислите. Но, понекогаш е тешко да се усогласат различните деловни верувања и интереси.
Здравје:
Планирајте излет или прошетка, ќе уживате.
Скорпија
Љубов:
Не можете да најдете изговор за нечија постапка, но сè додека се чувствувате вознемирено, не можете да донесете правилна одлука.
Работа:
Направивте погрешна проценка или избор на деловна активност, сега мора да издржите нечија критика.
Здравје:
Не го губете духот, гледајте на работите со поголем оптимизам.
Стрелец
Љубов:
Треба да ги докажете вашите искрени намери и добра волја пред саканата личност.
Работа:
Во друштво на соработници, вие делувате самоуверено, амбициозно и со многу барања во секој поглед.
Здравје:
Нема потреба да се оптеретувате со „тешки мисли“.
Јарец
Љубов:
Психолошката фаза низ која поминувате има позитивно влијание врз вашиот љубовен живот. Светот околу вас го гледате со различни очи.
Работа:
Во повеќето ситуации, можете да ги прилагодите критериумите според вашите интереси и да се борите за подобри услови.
Здравје:
Обрнете внимание на некои весели и забавни содржини, опуштете се.
Водолија
Љубов:
Ако сакате ново полетување или возбудлива забава, искористете го вашиот шарм во согласност со емоционалната инспирација.
Работа:
Вашите идеи наидуваат на позитивна реакција. Вие се грижите за постигнување на поширока деловна афирмација и за исполнување на различни критериуми за успешна соработка.
Здравје:
Вие сте во одлична форма.
Риби
Љубов:
Партнерот не може да ви пренесе сè што сакате да слушнете или видите. За жал, вие сте лишени од разни потреби.
Работа:
Не верувате во нечии ветувања, барате убедливи докази или гаранција за деловен договор. Бидете внимателни пред соработниците.
Здравје:
Ќе ви годи некоја од техниките на психолошка релаксација.
Мите Јаначков
