Јапонците измислиле автомобил-воз, оди и по пат и по шини (Видео)

Објавено на 4 јануари, 2022 во 11:26

Оваа дизел автомобил воз користи класични тркала со гуми на патот, а на шините вади челични тркала и продолжува како воз. Идејата е да се обезбеди јавен превоз во малите градови, како што е Кајјо на островот Шикоку, каде што ќе сообраќа и ова необично возило.

Возилото прикажано на видеото не потекнува од каприците на технолошки моќните Јапонци. Не, има посебна намена, а тоа е внимание и грижа за старите лица, особено во руралните средини. Со поврзување на автобуси и возови, јавниот транспорт се приближува до зголемениот број на стари лица во Јапонија.

Автобусот – воз со дизел мотор и два режими може да превезува 21 лице. На патеката достигнува брзина до 60 km/h. Покрај тоа, тој може да се движи до 100 km/h по асфалтни патишта.

Пред да се претвори во воз и да ги извлече челичните тркала, автобусот мора да дојде до посебна платформа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.