Луксузните верзии на новите телефони на Samsung, со дијаманти и бело злато (ВИДЕО)

Објавено на 6 август, 2021 во 17:20

Наредната недела, „Самсунг“ ќе претстави нова серија „Галакси“ телефони (Z Fold 3 и Z Flip 3), кои се ултра луксузни со дијаманти и бело злато. Серијата е за клиенти со подлабок џеб.

Компанијата „Caviar“ исто така најави луксузни верзии на уредот, украсени со дијаманти, сафири, рубини и бело 18 каратно злато. Во дизајнот доминираат мотиви на мексиканскиот муралист Диего Ривера, сопругот на сликарката Фрида Кало.

„Ragnarok Z Fold 3“ чини 10.770 долари и содржи само 99 примероци, додека Z Flip 3 достигнува неверојатна цена од 46.460 долари за само 20 примероци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.