Заврши подршката за Ubuntu 15.04

Објавено на 9 февруари, 2016 во 08:59

На 4-ти февруари престана официјалната подршка за Ubuntu 15.04 Тоа значи дека оваа верзија од Ubuntu веќе нема да добива безбедносни надградби, исправки, како и нови верзии од Ubuntu архивите.

Начинот на којшто функционираат верзиите на Ubuntu, односно времето во коешто им следува поддршка и надградби е поделен на два вида. Долгорочна поддршка (LTS) за којашто следува поддршка од 5 години и стандардна поддршка којашто трае 9 месеци.

Тоа значи дека корисниците коишто сепак не ја користат некоја од уште поддржаните долгорочни верзии од Ubuntu, односно Ubuntu 12.04 и Ubuntu 14.04, препорачано е да ја инсталираат најновата достапна верзија од оперативниот систем.

Најновата верзија е Ubuntu 15.10 и оваа верзија ќе биде поддржана до 22-ри јули оваа година.

Достапните LTS верзии ќе бидат поддржани до 26-ти април 2017 година за 12.04 верзијата и до 17-ти април 2019 година за 14.04 верзија.

Надградбата од Ubuntu 15.04 на 15.10 е нешто што го препорачуваат и од Canonical, а начинот тоа да се направи е преку вградениот систем за надградби.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.