Факултет за хакери!

Објавено на 30 ноември, 2012 во 10:19

Ова е вест која сигурно ќе биде тема за некоја тинејџерска комедија!

Универзитет во Тулса од американската сојузна држава Оклохама обучува сајбер шпиони.

Сите кои ќе ја завршат оваа насока на Универзитетот им е гарантирана работа во ЦИА, НАСА или американската Тајна служба, но сето тоа доколку имате желба да станете криминалец, хакер или шпиун.

Студентите на овој колеџ ќе научат да формираат вируси, како да провалуваат лозинки и мрежно да крадат шифри.

Сите студенти од колеџот имаат задолжителна пракса во полиција каде се борат против криминалот и педофилите.

Овој факултет заедно со тајната служба развиле техника за превземање на информации од оштетените паметни телефони.

Доколку сакате сигурна работа после завршување на факултетот, овој колеџ е идеално решение за вас.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.