Домашната работа е губење на време!
Од ова ново истражување ќе бидат задоволни сите студенти , средношколци и сите останати деца кои учат нешто. Научници од Универзитетот во Вирџинија откриле дека домашната работа не го подобрува учењето.
Децата кои редовно ги пишувале своите домашни задачи немале подобри резултати од оние кои ги избегнувале.
Но, тоа не важи за математиката! ” Кога станува збор за математиката, ситуацијата е спротивна. Учениците кои вежбале математка само пола час во денот, навистина добивале подобри оценки на тестовите”, изјавиле научниците.
Истражувачите велат дека е време за промена на образовниот систем. “Наставниците и професорите треба да бидат повнимателни во она што им го даваат на студентите како задача и што би требало тоа да претставува”, заклучуваат научниците.