Контролирајте кој ги гледа вашите објави на Фејсбук!
Објавено на 28 март, 2013 во 09:52
Кога објавувате некој статус или видео, лево од опцијата – објави, имате означено кој ќе ја види вашата објава, а со еден клик може и да ја промените опцијата.
Вашата објава може да биде достапна и видлива за секоја личност која ќе кликне на вашиот профил на Фејсбук (Public), пријателите или одредени групи кои сте ги креирале на Фејсбук.
Ваша работа е само со еден клик да наведете или проверите која личност или група сакате да ја види вашата објава.
