Се вратија кинеските астронаути
Објавено на 27 јуни, 2013 во 11:30
Успешно заврши најдолгата кинеска вселенска мисија.
Тројца астронаути, од кои една жена, поминаа 15 дена на Тјангонг-1 вселенската лабораторија. Лабораторијата служи како прототип за постојана вселенска станица која Кина планира да ја изгради.
Астронаутите Ние Хаишенг-командир на мисијата, Ванг Јапинг и Занг Шиаоганг вчера пристигнаа на кинеската автономна област Внатрешна Монголија, известува Би Би Си. Јапинг, која е втората кинеска жена што патува во вселената, сними видео-лекција од Тјангонг-1.
Градбата на вселенската станица е планирана за 2020 година.
Л.С.
