Јапонскиот хиперавтомобил ,,Aspark Owl″ конечно во салон: Чини неверојатни 3 милиони евра

Објавено на 5 јануари, 2021 во 09:15

Aspark Owl

05.01.2021

Јапонскиот хиперавтомобил ,,Aspark Owl″  првпат е изложен во салон, во близина на седиштето на компанијата во Осака.

Сцената подолго време се одушевува на јапонскиот автомобил ,,Aspark Owl″. Изложувањето на ова исклучително возило во салон во Осака го одбележува официјалниот почеток на продажбата. Болидот во исто време се појави и во салон во Безансон и Мајами.

Компанијата во меѓувреме склучи договори со неколку ексклузивни дилери во Северна Америка и во Европа. Хиперспортскиот автомобил со електричен погон постигнува крајна брзина од 400 километри на час. Тоа се постигнува со моќноста од 1.480 киловати, односно 2.012 КС.

Има голема симболика во тоа што автомобилот носи име „був“. На тркачката патека во Мизано, Италија, безшумниот и невпечатлив Owl се докажа како најбрз спринтер во светот. Од место до 60 милји на час (96 km/h), јапонскиот болид спринтуваше за 1,72 секунди.

Инженерската компанија ,,Aspark″ ќе изработи 50 примероци од Owl. Производството ќе се одвива во светскиот центар на малите каросериски и дизајнерски работилници, во Торино. Цената на возилото изнесува околу три милиони евра.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.