Фејсбук развива Инстаграм за деца
21.03.2021
Eден од приоритетите на најголемата светска социјална мрежа стана развој на верзија на Инстаграм за деца под 13 години, пишува BuzzFeed News, кој ги поседува внатрешните документи на Фејсбук.
Проектот ќе го води шефот на Инстаграм, Адам Мосери, а развојот ќе го води тим предводен од Павни Диванџи кој работеше на YouTube Kids и други производи наменети за деца додека уште работеше за Google.
Сите знаеме дека апликациите, игрите и услугите за деца се одличен извор на пари за многу компании во светот, па затоа не сме изненадени што големиот Фејсбук сака да земе дел од тој колач за себе, или да собере големи суми пари од родители.
Сè уште не е познато како ќе изгледа детскиот Инстаграм, но Фејсбук ќе се погрижи сè да биде во согласност со законите и прописите и родителите да имаат целосна контрола врз профилите и комуникациите на децата.
