Роботи во овој ресторан прават 300 пици за еден час (видео)
Неодамна отворен ресторан во Њу Џерси користи роботи за да ги прави своите пици и може да испорача огромна количина на нарачки за краток временски период.
Станува збор за ресторан наречен „PizzaHQ“, кој својот бизнис модел го засновал на машини. Ресторанот се наоѓа во паркот Вудленд и го користи системот „Picnic“ кој е способен да направи 300 пици за еден час.
Автоматизираните роботи додаваат сос, сирење, месо и разни состојки во зависност од нарачката, а ресторанот дополнително инвестирал во автоматизација која го подготвува и пече тестото.
Пицата е готова за во рерна за помалку од една минута, а процесот на печење трае седум минути. Предноста е што во рерните може да се сместат неколку пици одеднаш.
Ресторанот има персонал, но тие служат само за пакување на пиците во кутии и пренасочување за испорака.
Оние кои ја пробале пицата велат дека е феноменална.