Што би се случило ако планетата престане да се ротира? (Видео)
Земјата постојано се врти: затоа денот се претвора во ноќ, годишните времиња се менуваат, а нашето магнетно поле нѐ штити од штетното космичко зрачење.
Вака се одвиваат работите четири и пол милијарди години, но што ако тоа се промени?
Нашата планета постојано се врти затоа што во основа ништо не може да ја спречи, бидејќи лебди во вселената, не и пречи никаква површина или воздушни струи.
Меѓутоа, доколку нешто се промени и ја запре ротацијата на Земјата, тоа драматично би ја променило нашата матична планета.
Астрономот од Универзитетот во Кил во Обединетото Кралство, Јако ван Лун, објасни што би значело тоа.
На пример, ако Земјата престане да се врти, но продолжи да кружи околу Сонцето, нашиот ден би траел половина година – а исто така и ноќта.
Згора на тоа, „деновите“ би можеле да бидат многу потопли, додека „ноќите“ би можеле да донесат многу постудено време – нешто што сериозно би влијаело на климата на планетата.
Ваквите температурни разлики би предизвикале и силни ветрови кои би го придвижиле воздухот кон постудената страна на Земјата – „ноќната“ страна.
– Би се сретнале источниот и западниот ветер, кон половите. Можеби тие би можеле да создадат огромни вртлози со големина на цели континенти – забележува астрономот.
Ова не би ни бил последен проблем. Доколку Земјата престане да ротира, нашето магнетно поле во суштина би престанало да функционира, бидејќи ротацијата на планетата е она што го придвижува магнетизмот во стопеното железо содржано во јадрото на Земјата, пренесува порталот Space.
Без магнетно поле, би биле изложени на опасно зрачење од вселената што доаѓа од соларни честички и космички зраци.
Ова не само што ќе му наштети на здравјето на луѓето, туку ќе ги одземе животните и птиците од нивниот природен систем за навигација, бидејќи тие користат магнетно поле за да го најдат својот пат.
Меѓу помалку вознемирувачките промени со кои би се соочиле доколку Земјата престане да се врти е тоа што ноќното небо секогаш ќе ја нуди истата група соѕвездија наместо астрономската разновидност што имаме задоволство да ја гледаме додека нашата планета продолжува да се врти.
– Ова ја успорува ротацијата на Земјата. Тоа значи дека денот на Земјата се продолжува за една секунда на секои 50.000 години – објаснува Ван Лун.
Земјата теоретски би можела да престане да се врти доколку друга планета или голем вселенски објект удри во неа. Сепак, истакна астрономот, дури и да се случи тоа, веројатно значително ќе го промени начинот на кој ротира планетата, но нема да запре целосно.