Што се случува со телото ако секој ден јадете по една банана?
Сите пораснавме слушајќи дека ако јадеме по едно јаболко секој ден, би можеле да заборавиме на лекарите, но се покажа дека придобивките од бананите може да бидат исто толку добри. Еве што ќе се случи во вашиот организам ако секој ден јадете банани.
Бананите се полни со витамини и хранливи материи, а кога ги јадете редовно, помагаат во одржување и подобрување на целокупното здравје.
Сепак, со бананите не треба да се претерува. Според „Healthline“, треба да се ограничите на една до две банани дневно. Премногу од која било храна, дури и здрава како бананите, може да доведе до дебелеење или недостаток на хранливи материи.
Ако јадете банани секој ден, ќе се соочите со неколку работи:
Ќе имате поздраво варење
Според студијата од 2017 година објавена во „Nutrition Bulletin“, бананите содржат отпорен скроб кој делува на зголемување на производството на масните киселини – есенцијални за здравјето на цревата.
Можеби ќе ослабнете
Бананите се полни со растителни влакна и протеини, така што подолго ќе ве држат сити.
Можете да го подобрите здравјето на кожата
Бананите содржат витамини и минерали, поточно манган, кој го зголемува нивото на колаген.
Ќе го подобрите нивото на енергија
Кога се јаде пред или по тренинг, бананите може да бидат клучни за кревање на нивото на енергија и спречување на чувството на замор во текот на денот.
Ќе го зголемите внесот на калиум
Бананите се познати по калиумот, а тој може да помогне во зајакнувањето на срцето. Повеќето луѓе не консумираат доволно калиум, што често може да има директно влијание врз контролирањето на крвниот притисок и другите компоненти на здравјето на срцето. „Healthline“ објаснува дека исхраната богата со калиум, или секојдневното консумирање банани, може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 27 отсто. Затоа, време е да го додадете ова омилено овошје во вашата дневна рутина.
Ќе го подобрите видот
Според Националниот институт за здравје, бананите содржат витамин А, кој дејстува на три работи – ги штити очите, го одржува нормалниот вид и го подобрува ноќниот вид.