Аксесоари кои ви подаруваат гламурозност!

Објавено: 19 февруари, 2013, во 09:48 часот

Доколку вашата работа бара едноставно облекување, тогаш погрижете се аксесоарите да ја нагласат вашата женствена страна. Прочитајте што и како би требало да ги комбинирате вашите аксесоари.

Огрлици

Не погрешиле кога рекле дека дијамантите се најдобри пријатели на жената. Купете си елегантна огрилца, доколку ја немате, за разбивање на еднобојната и едноставна комбинација.

Белегзија

Нема ништо по отмено од белегзија која лежи на вашиот зглоб на раката. Може да ја искомбинирате со огрлица.

Очила

Задолжително вложете пари во квалитетен пар очила, бидејќи токму тие ќе придонесат да изгледате гламурозно.

Обетки

Впечатливите мали обетки се задолжителни, и изгледаат одлично со секоја комбинација за секоја прилика. И, што е најважно нема потреба да ги комбинирате со белегзија и  огрлица – они се “посебна приказна”.

Чевли

Потрудетe се во ормарот задолжително да имате омилен пар сандали во кои ќе се чуствувате самоуверено и гламурозно. Секако дека се во прашање високи потпетици. Нека бидат црни за да може да ги комбинирате со се.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.