Нови Кока-Кола лименки!

Објавено: 19 февруари, 2013, во 10:38 часот

Новиот дизајн на Кока-Кола лименките ги измислил Марк Џејкобс, кој инаку е нов креативен директор на Кока-Кола Лајт во Европа.

Лименките се инспирирани од модата во последните три децении.

Првата, која ја симболизира модата од осумдесетите години во 20 век, декорирана е со женска силуета во црно одело со позадина која е украсена со лептир машни.

Модата во двадесетите е прикажана со екстравагантна дама во розе фустан со долги ракавици, високи потпетици и  огромен шешир.

На третата лименка, за која Џејкобс бил инспириран од трендовите во две илјадитите години, насликана е девојка во хеланки со жолто-бели риги и црно-бела маичка. Таа ни презентира спортска енергија.

Погледнете ја и рекламата која ја презентира соработката на прочуениот креатор и Кока-Кола.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=tBE8pa_PhdE{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.