Модерни фризури во стил на шеесетите години!
Шеесетите години означувале социјални промени кога станува збор за жените, затоа тоа е една деценија која одликува со храбри и нови стилови и фризури.
Популарноста од серијата Момците од Медисон повторно ја врати модата од педесетите и шеесетите години, а шеесетите се особено модерни во стиловите и колекциите за пролет и лето 2013-то.
Волумен во косата и пунџата се едни од главните карактеристики на овие фриури, а кога ќе ги креирате имајте ги на ум Брижит Бардо, Џеки Кенди, Ракел Велч или Ејми Вајнхаус која со својот стил го најавуваше враќањето на модата од шеесетите години.
Популаризиран од страна на Твиги во шеесетите, пикси стилот означува храброст, но истовремено и женственост, па и кратката коса е модерна оваа сезона.
Џенифер Лопез, Викторија Бекам и многу други ѕвезди веќе го следат овој тренд, не се сомневаме дека и останатите жени ширум светот ќе го прошират.