Модни совети од Викторија Бекам!
По повод ланисрањето на својата онлајн продавница, дизајнерката ги почести фановите со неколку модни совети.
Викторија Бекам веќе неколку години важи за стилска икона, а нејзините модни колекции ги оставаат без здив критичарите на неделите за мода ширум светот, како и оние со длабок џеб кој можат да си ги дозволат нејзините уникатни креации.
Викторија, за среќа на оние кои не живеат во земјата каде што се продаваат нејзините работи, отвори Интернет продавница, каде што обожавателките можат да се снабдуваат со крпчињата што госпоѓа Бекам ги креира.
Бившата Спајсица, на својот сајт за фановите сподели неколку лични совети за секојдневниот стил. Но, ниту еднаш не споменува аксесоар или облека која е вредна десетици илјади евра.
Чанта и детали
Секогаш внимавајте на аксесоарите. Чантата и деталите се клучни за стилот. Убавата ташна може да ја направи или уништи цела комбинација, изјавила Викторија.
Бирајте облека според приликата
Имајте на ум каде одите и со кого, кога бирате комбинација. Тренди, малите работи кои служат како корсети и стегнуваат исто колку нив, заборавете ги кога одите да си играте со вашите деца. Ако барате совршен фустан, ви предлагам некој со вградена “поддршка” (мидер), должина до колена и “чамец” деколте.
Секогаш носете очила за сонце
Викторија е позната како жена која ретко излегува на улица без очила за сонце, па тоа го советува и на “обичните” жени. “Исто како и со случајот за чантите, убавите очила може да го подобрат целиот аутфит. Сакам да експериментирам со косата и шминката, но кога не ми е дојдено до тоа, само ставам очила и никој не ми го гледа лицето какво ми е”. Неодамна започна да дизајнира и оквири за очила, и тоа не само за сонце туку и за дипотрија.
Добри фармерки
Инвестирајте барем во еден совршен пар фармерки. За идната сезона ви препорачувам skinny фармерки во темна сина нијанса, се комбинираат со се и одлични се за денски и вечерни настани.
Малку штикли, малку балетанки
Немора секогаш да носите штикли. Рамните чевлички може да ви го истакнат стилот, сексипилот и добриот вкус.
Признаваме дека ни е тешко сериозно да го прифатиме овој совет на г-ѓа Бекам, бидејќи досега ја имаме видено на само три фотографии на кои не носи високи потпетици.
