Правила за одење на високи потпетици!
Додека на некои високите потпетици им се секојдневие, поголем број на жени чувствуваат нервоза кога ќе дојдат свечени забави и прослави кои бараат посебни обувки.
Меѓутоа за одење на штикли вам не ви треба училиште туку само пракса и неколку корисни совети кои ако сакате да уживате во вечерата и дружењето, едноставно мора да ги проучите.
1. Ако сте купиле нови чевли задолжително пред важното излегување испробајте ги дома. Направете секој ден неколку кругови по дневната соба или извршете неколку домашни обврски облечени во нив. Исто така ако сте почетник подобро тргнете со пониски потпетици оние од 5 до 7 см. Проверете дали сигурно чекорите надвор во ситуации кога нагло го менувате правецот. Чекорете и одеднаш застанете додека се свртувате.
2. Исправеното држење е едно од најважните правила. Исправете го грбот и подигнете ја брадата. Многу е важно во штиклите да се чувствувате сигурно затоа купете удобни чевли.
3. Доколку планирате цела ноќ да бидете на нозе тогаш знаете дека најдобро решение се сандалите со помалку ремчиња или чевли кои никаде не ве притискаат. После седење, играње или стоење од неколку часови вашите нозе ќе отечат а штиклите ќе бидат неподносливи. Ви советуваме да не ги соблекувате чевлите додека не стигнете дома, зашто тоа само ќе ја влоши ситуацијата.
4.Иако е убаво да се видат холивудските убавици како на црвениот тепих позираат во страшно високи потпетици не заборавајте дека нивното шетање трае помалку од еден час. Не претерувајте со висината на потпетицата без обзир на трендот. Тоа посебно важи за евтините чевли со лабава нестабилна потпетица во кои можете и да се повредите.
5. Одењето на штикли е едно а играње и качување по скали е нешто сосема друго. Кога се движете важно е да газете со целото стапало но кога играте или пак се качувате по скали потпирајте се само на прстите.Така ќе ги избегнете и незгодите како забивање на потпетицата за скалилото, лизгање на штиклата или пак нејзино пропаѓање во решетка.
