Маслиновото масло-сојузник на убавината!

Објавено на 21 април, 2013 во 08:58

Маслиновото масло од одамна е познато по своите лековити својства и по својата широка употреба а не е нова ни употребата во козметиката. Уште во античка Грција се знаело за него како за состојка која ја прави кожата нежна и сјајна.

Маслиновото масло се добива во различни обработки на плодовите од маслиново дрво, додека ладно цеденото масло е најквалитетно бидејќи задржало најмногу лековити состојки. Неговите својства пред се се антиоксидантни и хипоалергенски а се одликува со голема содржина на витамините А и Е. Како што напредуваше козметичката индустрија така и употребата на маслиново масло е зголемена, па денес оваа состојка ја имаме во многу кремови, шминки и производи за коса.

Маслиновото масло длабоко хидрира и ја чисти кожата од слободните радикали и ја поправа „штетата“ од сонцето, загадувањата на воздухот, димот од цигарите и нездравата храна. Ова масло ги стимулира ќелиите и така ја прави кожата помека, затегната и поздрава. Маслиновото масло навлегува длабоко во кожата и ја хидрира и таа способност го прави идеална состојка во дневните и ноќните креми како и лосионите за тело и кремите за раце. Најдобро би било доколку го користите често да го нанесувате на влажна кожа зашто така ќе го ублажите чувството на мрснотија.

Како состојка за пилинг, средство за отстранување на шминка или производ за нега на кутикулите, ова масло е идеално бидејќи ја негува и смирува кожата,правејќи ја помека.

Косата е уште една област каде маслиновото масло прави чуда.Тоа е извонреден регенератор и сјаен борец против првутот но ако го користите чисто, измешајте го со вода во однос 50-50 за да можете да го измиете и вашата коса ќе стане поцврста и посјајна.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.