Сјајна, бујна и здрава : Подгответе ја косата за сонцето!
Оживејте ја сувата и оштетена коса со маски кои сами лесно и евтино можете да ги направите.
За да ја вратите косата во живот и да ја подготвите за сонцето, пред миење добро расчешлајте ја а потоа ставете ја домашната маска, распоредете ја по косата со чешел со многу широки запци. Покријте ја косата со капа за туширање или фолија и оставете да делува 20-ина минути.
Маската уште подобро ќе делува ако ја завиткате главата со топла крпа или ако ја греете главата со фен на ниска температура .Во последната вода пред миење можете да додадете состојка која го зголемува сјајот. Светлата коса измијте ја со вода во која сте додале шољичка лимонов сок а темната коса можете да ја измиете со вода со малку јаболков оцет. Ви предлагаме неколку вида на маски.
1.Маска за сува и оштетена коса
Сувата коса ќе ја оживеете со маска од половина авокадо, четвртина шоља мајонез, по едно лажиче кокосово и маслиново масло ,една лажица мед и 3-5 лажици вода.
2.Маска против наелектризирана коса
Измешајте пола шоља мед, пола шоља јогурт и лажица бадемово масло. Втриете ја смесата во косата од коренот до врвот, оставете 20 минути па измијте со природен шампон.
3.Пиво и јајце за бујна коса
Изгмечете банана, додадете јајце и мешајте додека не добиете хомогена смеса и додадете 1/3 шоља пиво. Потоа додајте лажица мед па втриете во косата од коренот кон врвот,оставете да стои на глава што подолго и потоа измијте ја косата.
4.Урдата и медот го враќаат сјајот на влакното
Во пола шоља урда додајте лажица мед, измешајте и добро втриете го во косата, посебно на врвовите. Оставете да стои 20 минути и измијте само со вода. Косата ќе добие блескав сјај.