Изгледајте убаво за само петнаесет минути
Се брзате на состанок или деловен ручек,но никако не можете да се снајдете и не знаете што да облечете? Го отворивте ормарот и по кој знае кој пат рековте дека немате што да облечете но и самите знаете дека тоа не е така. Само сложите ја облеката, погледнете убаво и ќе откриете што одамна не сте имале на себе.
Прво размислете какви настани најчесто посетувате и како треба да изгледате во такви пригоди. Според тоа направете ја комбинација која ќе ја облечете.
Кога купувате облека, секогаш купете го тоа што знаете дека ви треба и што можете да го комбинирате со остатокот од облеката која веќе ја имате.
Преуредете го својот орман и извлечете ги сите работи. Ќе пронајдете нешто на што сте заборавиле дека го имате во ормарот. Пробајте ги работите кои сте ги пронашле и обидете се да ги вклопите во своите секојдневни комбинации.
Кога веќе се облековте но немате време долго да се шминкате и правете фризура обидете се да одредите без која шминка не можете да излезете. Доволно е само неа да ја нанесете на лицето.