Шеширите се незаменлив моден додаток!
Капа, марама, лента и шешир се неизоставен моден додаток за време на сите годишни времиња а особено во текот на пролетта и летото кога размислуваме за тоа како да се заштитиме од сонцето и главоболата.
Шеширот може да биде мулти практичен и вистински додаток на секој моден стил само ако знаете како да го комбинирате. Како дел од традицијата на облекување постои веќе долго време, уште од предисторискиот период.
Тогаш се користел како заштита од сонцето и дождот за време на работа на отворено а подоцна и заради истакнување на место во друштвото како што денес тоа го прават припадниците на кралските семејства низ светот и особено во Европа.
Шеширот денес е моден додаток кој може да се вклопи скоро со секој моден стил. Се зависи од тоа за каква средба се подготвувате. Ако сте тргнале на некој свечен прием, дозволете си изглед на принцеза или кралица. Не заборавајте да го усогласите со фустанот и чевлите.
Сакате лежерен и романтичен изглед додека шетате со својот сакан за време на топлите летни месеци, изберете шешир со широк обод, лесен и долг фустан и casual чевли со некој додаток.
Ако сакате да изгледате како Џенифер Лопез во нејзината хип хоп фаза нема да згрешите ако изберете помалку откачен изглед со тесни панталони, маица која повеќе потсетува на поткошула, платформи на нозете и шешир со поголеми димензии.
Дали знаевте дека шеширот целосно зборува за идентитетот на личноста? Тие имаат голема моќ на трансформација и секоја личност автоматски ја издвојуваат од многуте други луѓе што е веројатно и причина зошто некои се двоумат кога треба на себе да стават некој моден додаток.
