Време е за жешки панталончиња !

Објавено на 21 мај, 2013 во 11:30

Тие се лесни, практични и толку примамливи а се носат од утро до мрак.

Минатите неколку сезони, жешките панталончиња станаа толку популарни што успеаја од престолот да ги симнат дури и мини сукњите на кои им станаа добра замена.

Нешто подолги и широки модели  со добра маица, балетанки и елегантен накит можете да се носат дури и на работа, додека оние залепените за телото кои многу често се украсени со некои детали или со цветни апликации совршено изгледаат во вечерните прошетки со чевли со вртоглаво високи потпетици и маици со апликации.

Ги обожуваат многу познати фаци како Alessandrа Ambrosio, Kate Moss, Sienne Miller и Mirande Kerr…

Имате ли и вие омилени жешки панталончиња во кои лесно ќе ги издржете овие високи температури и притоа да изгледате сензационално?

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.