Забрзајте го растот на косата со помош на кромид
Дали го мразите кромидот поради болките во очите кога го сечете? Но сепак факт е дека кромидот е многу корисен при раст на косата.Но маските кои сега ќе ви ги предложиме треба да ги користите најмалку еден месец.
Едноставна маска од кромид .
Ова е многу корисен рецепт за опаѓање на косата. Се што треба да направите е да го исцедете сокот од кромидот. Исечкајте го кромидот а потоа исцедете го. Масирајте го коренот со сокот а потоа косата замотајте со топла крпа. Држете ја маската половина час и потоа измијте ја косата два пати со шампон за да го отстранете непријатниот мирис.
Кромид и масло
За оваа маска исто така треба да исцедете сок од кромид,после тоа измешајте го со масло за коса кое ви одговара и ставете го на коренот. Исто така можете да користете етерични масла како рузмарин и сл. Оставете ја смесата на косата минимум еден час и потоа измијте ја косата со шампон.
Кромид,маслиново масло и масло од кокос
Земете неколку главици кромид,излупете ги и изрендајте ги да добиете сок. Додајте лажица маслиново и кокосово масло во него. Нанесете ја смесата на самите врвови на косата,избегнувајќи го темето. Држете најмалку два часа. Измијте ја со шампон по ваш избор,потоа можете да користете лимон како регенератор,додајте сок од половина лимон во шоља вода.
Кромид,пиво и кокосово масло
Измешајте шоља пиво и кокосово масло со сок од кромид. Нанесете ја маската на косата и ќе добиете сјајна и мека коса. Оставете ја оваа смеса на косата најмалку еден час пред миење. Можете да користете топла крпа која ќе му помогне на коренот правилно да ги апсорбира хранливите состојки.
Кромид и мед
Помешајте сок од кромид со мед за да направите гел маска за косата. Нанесете ја на косата и оставете еден два часа. Измијте со вода и лимон. Оваа маска за коса го поттикнува нејзиниот раст и и дава на вашата коса убав сјај.
Кромид и рум
Натопете еден исечкан кромид во чаша рум и оставете да стои преку ноќ. Сокот од кромид и рум правилно ќе се измеша и магичната напивка за косата ќе биде готова. Користете ја оваа маска и масирајте го коренот со неа.
