Трикови за поубаво деколте!
Летото е идеално за отворени фустани и необични маици но многу комбинации стануваат вистински предизвик ако немате градник кој ви одговара. Еден од најпрактичните градници за фустани е оној со прерамки кои можат да се извадат.
Таков градник можете да носете како самостоен со фустан без прерамки. Или прерамките можете да ги прилагодете во форма на фустанот ако тој има прерамки.
Најдобри се оние со чипка или видливи везови,односно меки во основни бои,црна бела или беж. За градникот да не ви ѕирка од под фустанот со длабоко деколте изберете длабоко сечен градник на кој корпите му се споени со проѕирна лента. Ако деколтето не е преголемо но фустанот е секако премногу отворен можете да изберете и градник кој е многу плиток но цврсто ги потпира градите и не ѕирка од под облеката. За фустани и маици со тенки прерамки исто така е идеален градник без прерамки но внимавајте совршено да ви одговара за да не мора постојано да го местите. Ако веќе се гледа нека е со чипка!
Ако има фустанот длабок изрез од страна така да градникот не може да се сокрие изберете убав чипкест градник. Сакате ли да се гледа минимално секогаш можете да го изберете оној со боја на кожата.
Со фустаните со отворен грб се носат покривки
Фустаните со отворен грб претставуваат голем предизвик но можете да ги носете без грижа,како бројни ѕвезди со покривки за брадавиците. Обично се во боја на кожата а нема ни малку да го нарушат изгледот на фустанот.
Ленти за подигање на градите
Фустаните со комплицирани изрези преку гардите исто така се предизвик. Стилистите на ѕвездите обично во тие случаи работат посебни ленти за подигнување на градите изработуваат посебни ленти за подигнување на градите,кои се лепат од двете страни за да ги „смират“ градите.
Самолепливи корпи се решение за сите изрези
Носите ли фустани отворени од напред и до папокот,на гардите ставете самолепливи силиконски корпички. Тие ќе ги покријат градите и ќе им дадат форма а нема да се гледаат. Но за да изберете најдобар можен градник кога ќе можете земете го фустанот со себе во продавница за веднаш да видете дали воопшто ви одговара.
