Вашите локни нека бидат сјајни и меки!

Објавено на 9 јуни, 2013 во 11:35

На овој или на оној начин косата со локни е се уште во тренд. Овде се некои совети за вашата коса со локни да изгледа секогаш убаво.

Шампонирајте ја под туш

Туширањето е најдобар начин да ги измиете вашите локни. Измијте ја косата држејќи ја главата наопаку а потоа свртете ја главата и водата нека тече низ косата додека вие стоите исправени.

Одржувајте ги локните хидратизирани

Ова е многу важно. Би требало да избегнувате да користете премногу масло. Редовно користете регенератори. Така вашата коса ќе биде мека и сјајна.

Средување

Кога ви е косата мокра, по туширање, само стиснете ја да излезе вишокот вода од нејзе. Тоа ќе помогне да ја задржи влагата и ќе ви овозможи долготрајни убави и меки локни.

Оцет

Оцетот ќе ги затвори кутикулите и ќе ги направи меки вашите локни. Додадете една лажица јаболков оцет во чаша топла вода а потоа ставете ја смесата врз косата. Без плакнење нанесете регенератор.

Сода бикарбона

Измешајте една лажица сода бикарбона со три лажици регенератор за виткана коса и ставете на косата. Темелно измијте со вода, ќе добиете меки локни.

Сушење

Оставете ја косата да се исуши по природен пат,Ако сте во брзање користете дифузен фен на најниска температура. Постојаната изложеност на висока температура сигурно ќе ја направи вашата коса кршлива а вашите локни груби.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.