Накит во форма на змија!

Објавено на 9 јуни, 2013 во 12:19

Иако речиси имаме паничен страв и не сакаме да ги видиме ниту на слика, модните дизајнери и многубројните дизајнери ја предлагаат змијата како украс.

Накит со мотиви на змија и не се некоја новост но секогаш се многу интригантни и впечатливи.

Angelina Jolie е една од оние кои често избира накит токму во облик на ова животно. Во својата линија накит “Style of Jolie”тоа и го покажа. Sharon Stone неодамна се прошета во фустан на Robertо Cavalli кој во своите колекции секогаш ја провлекува змијата. И Jessica Biel неодамна носеше тенка елегантна змија околу врат и со тоа наводно предизвика морници во Кан.

Beyonce, Jessica Chastain, Madonna и многу други жени носат накит во облик на змија. На некои тоа е застрашувачко додека други не гледаат никаков проблем. Што велите вие? Нов тренд или подобро би го прескокнале?

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.