Совети за нега на многу чувствителна кожа!
Многу луѓе ќе ви кажат дека е благослов да имате светла кожа ,но само тие кои имаат таква кожа знаат колку мораат да се грижат за неа.
Темната кожа е многу помалку чувствителна отколку светлата кожа. Со оглед на фактите ние ви донесуваме неколку златни правила за нега и одржување на светлата кожа.
Пијте многу вода
Прв чекор за да добиете чиста кожа е секако таа да биде хидратизирана. Значи,пијте полно вода за да ги извадете сите токсини од телото и вашето лице да стане чисто.
Лимон и мед
Акните се многу забележливи на светлата кожа па оваа маска е најдобра за спречување на инфекции. Измешајте една лажица сок од лимон со мед. Употребете ја оваа маска на лицето и држете ја десет минути. Оваа маска ќе ве штити од инфекција на кожата.
Портокал и овесна каша
Направете пилинг и отстранете ги мртвите клетки за вашата кожа да изгледа чисто. Можете да направите пилинг користејќи сушен портокал во прав,овесни снегулки и мед. Посебно внимание обратете на т- зоната.
Природен обелувач
Искористете природни обелувачи на кожата како лимон за да ги осветлите влакната на лицето.
Краставица на очите
Доколку добро не сте се наспале краставицата ќе ви помогне да ги отстранете темните кругови под очите. Покријте ги со две парчиња краставица и оставете десетина минути. Тоа ќе ви помогне да ги отстраните подочниците.
Користете природен крем за сончање
Користете природен крем за сончање како што се некои масла кои имаат заштитен фактор. Маслото од морков е најдобро. Исто така можете да се обидете да користите масло од малина или масло од авокадо за да ја заштитите вашата кожа од сончеви зраци.
Користете очила за сонце
Како што веќе знаете светлата кожа е многу чувствителна на сонце па така и треба да носите очила за сонце кога одете надвор. Тие ја штитат нежната кожа под очите од брчки.
