Тик-ток стана најсимнуваната апликација на глобално ниво
Врз основа на глобална анализа, која ја направи Nikkei, Tik – Tok официјално ги надмина Facebook, Instagram, WhatsApp и сите други апликации за пораки и стана најсимнувана апликација од доменот на социјалните мрежи во светот.
До оваа година, Facebook ја имаше оваа титула, па дури и успеа да постигне раст со текот на годините. Tik-Tok се покажа како скриен фаворит, кој забележа раст со исклучителна брзина и стана омилена мрежа за корисниците.
Tik-Tok популаризира нов тренд за видео формати, и оваа тактика беше усвоена со текот на годините од други апликации од сегментот на социјалните медиуми. Можностите што ги нуди платформата Tik-Tok се неограничени, а на платформата се придружија бројни бизниси, компании за промоција на нивните производи или услуги, како и да им понудат забава на корисниците.
Други платформи, на кои популарноста на форматот беше популаризирана од Tik-Tok, исто така, создадоа свои услуги што го имитираат овој стил. Па така, имаме Instagram Reels и YouTube Short, кои покрај главната платформа нудат дополнителни услуги со кратки видео клипови.
Според извештајот на NikkeiAsia, пандемијата Ковид-19 служеше како значаен поттик за популарноста на Tik-Tok, бидејќи голем број луѓе останаа заглавени во своите домови со ограничени опции за забава. Исто така, многу познати уметници се свртеа кон оваа платформа откако ги откажаа своите настапи и турнеи.