Треба да го миете и овошјето на кое му ја лупите кората, еве зошто
Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот треба убаво да се озмијат после купување. Бајмногу поради прашината што се собира, но и поради пестицидите со кои се прскаат за време на одгледувањето. Сепак, постојат некои типови кои не само што не смеат да се исплакнат со малку вода, туку бараат темелно миење и бришење за да бидат безбедни за консумирање.
Треба да го измиете добро секое овошје и зеленчук што го јадете со кора, но и оние што сте ги излупиле, како што се портокали или мандарини. Без оглед на лупењето, бактериите доаѓаат на вашата кожа и на месестиот дел од овошјето. Исплакнете ги со ладна вода, тријте со рацете и добро избришете ги со хартиена крпа.
Она што многумина не го знаат е дека оревите и сувото овошје треба да се исплакнат под вода пред да се консумираат – дури и кога се гранатирани затоа што не знаете каде било складирано за време на производството и транспортот. Покрај тоа, миењето помага да се отстрани фитинската киселина, која ги одржува свежи и ги штити од паразити, и може да му наштети на човечкото тело.
Како што пренесува Bright Side, покрај овошје, зеленчук и друга сурова храна, добро би било секогаш да ги исплакнете и лименките со пијалоци, доколку пиете директно од нив. Има многу бактерии и прашина на нив што се наталожиле при транспортот.