Турција планира мисија на Месечината

Објавено на 24 јуни, 2021 во 10:46

Турција има намера да испрати ровер на Месечината до крајот на оваа деценија и да испрати една ракета на Земјиниот сателит – веќе во 2023 година. Се повеќе земји се приклучуваат на вселенската трка, а Турција во февруари откри детали за својата вселенска програма.

Дел од плановите за истражување на вселената вклучува и ровер, кој ќе тргне кон Месечината во 2028 или 2029 година. Ракетата што ќе го однесе на тоа патување ќе биде конструирана во Турција, и ако сè оди според планот, прототипот ќе го изврши својот прв лет до крајот на 2023 година.

Вселенското летало веќе ќе биде известено за грубо слетување на Месечината, со цел научниците да ги добијат потребните податоци на основа на кои следното слетување треба да се одвива непречено.

Турција во следните години планира да испрати и 30 астронаути до Меѓународната вселенска станица, кои ќе учествуваат во научни истражувања.

Врз основа на тоа, може да се заклучи дека оваа земја одлучно влегува во полето на вселенски мисии, иако Турската вселенска агенција е основана во 2018 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.