За време на летните горештини разладете се со овошно смути
Објавено на 26 јули, 2021 во 14:19
Ви предлагаме два вида сезонско смути што ќе ве разлади и освежи. Состојките се за еден пијалак.
Од лубеница
Измерете 150 г лубеница исчистена од кора и семки, па ставете ја во блендер заедно со 1 банана исечкана на кругчиња и додајте 100 милилитри ладен сок од јаболко. Блендирајте додека добиете воедначена смеса и послужете веднаш.
Од цреши
Во блендер ставете 150 грама цреши исчистени од семки, заедно со 1 банана исечена на кругови и 75 милилитри ладен јогурт. По желба додадете малку екстракт од ванила. Ако сакате да го засладите смутито, додајте малку мед. Изблендирајте да ја добиете саканата конзистенција и послужете со малку лед.