Низок крвен притисок

Објавено на 29 април, 2016 во 07:31

Низок крвен притисок или хипотензија е здравствен проблем кои не е занемарлив, но секако дека не е толку опасен како високиот крвен притисок.

Проблемот се јавува поради намалениот доток на крвта, па така потребните количества на кислород не доаѓаат таму каде што е неопходно. Луѓето се проѕеваат кога организмот го почувствува недостигот на кислород.

 

Причините зошто некој има низок крвен притисок се различни и не потполно разјаснети. Некои стручњаци тврдат дека тоа е наследно и дека почесто се јавува кај слабите луѓе. Жените почесто се соочени со хипотензија, отколку мажите. Се смета дека дехидратација на организмот, прекумерно држење на диета, како и одредени заболувања можат да бидат причини.

Симптоми на низок крвен притисок

Слично како и кај високиот притисок симптомот може да биде вртоглавица. Освен тоа симптоми се умор, поспаност, проѕевање, малаксалост, безволност, тешкото будење, недостиг на енергија, лоша концентрација итн. Во таквите ситуации човекот навистина тешко функционира.

Како да го зголемите притисокот?

Доколку притисокот Ви е во моментот многу низок обидете се да разматете малку сол во чаша со вода и испијте. Тоа би требало да Ви помогне, но тоа е краткотрајно решение на Вашите маки. Не се препорачува да претерувате со солената храна бидејќи тоа не е добро од повеќе причини.

На некој му помага да испие шолја кафе или зелен чај, што е сосема добро решение. Сепак претерување со овие напивки може да му штетат на организмот. Од лековитите билки треба да се консумира рузмаринот. Во народната медицина тоа е лек за циркулација и низок притисок.

Водете сметка за тоа колку вода внесувате во организмот. Тоа може да биде една од причините за низок притисок. Секој човек во текот на денот би требало да испие 2 литри течности, а доколку се бави со спорт или со физичка работа и повеќе од тоа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.