Супата намалува глад!
Во борбата со вишокот на килограми најголемиот непријател е гладот.
Доколку после секој оброк се напиете многу вода за кратко време ќе се чувствувате сити, но ако помешате некои намирници со вода и направите супа ќе бидете сити многу подолго време.
Користејќи метод на ултразвук и магнетна резонанца на човековиот желудник научниците открија што се случува после оброк и чаша вода, а што после порција супа.
После обичен сув оброк храната се здржува на дното на желудникот за да се обработи, а водата заминува во цревата и затоа не ни дава чувство на ситост.
Но кога ќе го изедеме истиот тој оброк подготвен како супа, сета мешавина останува во желудникот и така не држи сити подолго време.
Желудникот ги обработува супата и варивата многу подолго, тие со многу поздрави од пржената храна, а и резултатите на оние кои на овој начин се бореле со вишокот на килограми се запрепастувачки.
