Како да го спречите хрчењето?
Објавено: 31 јануари, 2013, во 14:43 часот
За хрчењето се пишува многу малку, а воглавно предизвикува подсмевање или некоја шега … но во реалноста не е нешто што треба да се потсмеваме.
Партнерите ги одржува будни, предизвикува брачни расправии, нервоза, а може да биде штетно и за личноста која хрчи. Скоро половина луѓе хрчат… телесната тежина, алкохолот и пушењето се фактори кои најчесто го предизвикуваат овој синдром.

Хрчењето се јавува кога перничето позади гркланот вибрира за време на дишење. Како организмот старее, мускулите слабеат, а хрчењето станува се повообичаено. Маснотиите наталожени околу вратот исто така може да го забавуваат процесот на дишење и да предизвикуваат хрчење.
Што може да направите?
Алкохолот ги релаксира мускулите, па затоа најдобро е да го избегнувате четири часа пред спиење. Собирањето на слузина во носот исто така предизвикува хрчење, бидејќи организмот ја наведува личноста да дише преку уста. Затоа пред спиење треба да го чистите вашиот нос, а доколку е потребно употребете капки кои ќе ви помогнат поуспешно да го исчистите.
Пушењето и алергијата, како и високата температура може да предизвикаат блокади, па ако неможе да се откажете од пушењето може барем да го намалите бројот на цигари при крајот на вечерта.
Додека вообичаеното хрчење не претставува здраствен ризик, кај еден од десет луѓе кои хрчат се развива пореметен сон, каде што личноста која е погодена од овој синдром го прекинува дишењето на неколку секунди и тоа неколку пати во текот во ноќта. Тоа ги менува навиките на спиење, предизвикува дневна поспаност, а може да доведе и до висок крвен притисок. Во такви случаеви на пациентите им се препорачува маска на носот, која ја препишува лекар, со чија помош се овозможува непречен дотур на кислород во текот на целата ноќ.

