Феномен на фантомска бременост!
Објавено: 19 февруари, 2013, во 11:51 часот
Бразилката, Лајани Сантос, тужи докторка од болница тврдејќи дека и го украла бебето. Всушност, после царски рез, лекарите и рекле дека таа никогаш не била бремена, и дека нејзината бременост била исклучително психолошка.
Ова не е единствениот случај на психолошка и фантомска бременост, која настанува од преголема желба за бебе. Во последните два века забележани се близу 600 примери на фантомска бременост.
Жената која пати од фантомска бременост ќе ги чуствува сите симптоми вклучувајќи и мачнина и добивање на тежина.
Прво што жената ќе го направи е што ќе посети гинеколог каде ќе се пожали на каснење на менструацијата, зголемени гради, повраќање и ширење на стомакот. Ако тестот од урината ќе ја потврди бременоста, она ќе остане со верба дека е бремена, и не и е битно што нејзиниот гинеколог мисли.
Иако фантомските бремености се многу ретки, најчесто им се случуваат на жените во крајот на тридесетите и на почетокот на четиридесетите години, кога посакуваат дете и се обидуваат да затруднат подолго време.
Фантомската бременост може да се појави и кај жени кои неодамна се “пуштиле” како реакција на траума, но може да биде и од хормонално пореметување.
Лечењето на жените кои патат од фанотмска бременост мора да биде добро осмислено и емпатично со силна волја на партнерот и семејството.
Иако постојат јасни докази дека не е во прашање бременост, жената може да остане убедена, во тој случај психијатарот е неопходен.
Никој сеуште не открил зошто фантомската бременост ја следат вистиснки симптоми, но фактот дека жената изгледа бремено го отежнува случајот за објаснување на непостоење на бременоста.
