Чудни совети за нега на телото, кои дејствуваат!

Објавено: 20 февруари, 2013, во 11:06 часот

Често, во текот на денот ни се случува да немаме доволно време или средства кога е во прашање негата на телото, затоа прoчитајте ги овие совети што ќе ви помогнат да изгледате поубаво и поздраво.

– За да ги избегнете дамките од маскара, со пластична лажичка заштитете го капакот на окото. На тој начин, вишокот маскара ќе се наталожи на лажичката, а не на вашиот капак.

– Ако вашите очи се отечени од не спиење или имате подочњаци, исечете компир на половина и држете го на очните капаци 10 минути. Компирот ќе ги излади вашите очи и ќе го намали отокот.

– Доколку почнете да забележувате целулит, коритете го талогот од кафе за пилинг на телото. Кофеинот ќе ги стимулира клетките на кожата, и ќе ги отстрани оние мртвите.

– Дали сте знаеле дека совршена замена за маска за коса може да биде и мајонезот. Држете го на косата 20 минути, а за подобар ефект загрејте го мајонезот со фен.

– Доколку ви се случило лакот за нокти кој само што сте го искористиле да има грутки? Тоа е затоа што лакот бил изложен на висока температура. Во текот на летните деноци, лакот за нокти складирајте го во фрижидер.

– Доколку вашите стопала се слони кон плускавици, кога ќе купите пар нови чевли, задолжително на критичните места нанесете вазелин.

– Ако брзате по домашниот маникир, слободно потпоете ги ноктите во ладна вода на три минути, и подготвени сте за излегување.

– Лакот за нокти со светки е вистински кошмар за отстранување. Затоа замотајте ги прстите во памучна крпа натопена со отстранувач за нокти и потоа замотајте ги со  тенка фолија. Оставете ги пет минути во таа положба.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.