Што ни се случува со телото кога постиме?

Објавено: 21 февруари, 2013, во 10:00 часот

Во постот спаѓаат и најпопуларните пороци како алкохолот, слатките и цигарите. Дознајте како телото реагира кога ќе остане без алкохол, кафе, цигари или шеќер.

Одрекување од алкохолот

По неколку дека од постот црниот дроб почнува да се регенерира, а неколку недели се потребни за повлекување на акумулираните масти во црниот дроб. Одрекувањето од алкохолот делува како превентивна мерка за цироза на црниот дроб, а несаканите ефекти се однесуваат на зголемување на агресивноста.

Одрекување од цигари

Само 20 минути по последната испушена цигара циркулацијата на рацете и нозете се подобрува, а после два дена се враќаат сетилата за мирис и вкус. Белите дробови почнуваат да се стабилизираат после две недели.

Одрекување на шеќер

Значително се подобрува крвната слика, а чуството за зависност на слатки се повлекува по еден месец. За седум недели телото конзумира 3,9 килограми шеќер помалку, односно 15. 680 калории. Можно е да се намали 2,5kg телесна тежина.

Одрекување од кафе

Личностите кои страдаат од висок крвен притосок ќе забележат значително намалување после краток временски период. Желудникот ќе се опорави, а може да се појави главоболка поради недостаток на вообичаената доза на кофеин.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.